Иднинапром
Услуги

Монтажа

Нашиот пристап во работата е да квалитетниот и луксузен материјал мора да биде проследен со квалитетна и сигурна монтажа. Затоа подните облоги ги монтираме темелно и внимателно, запазувајки го секој детал како би постигнале оптимален ефект во склад со желбите на нашите клиенти. Исто како да работиме “За себе дома“.

Секој објект за нас е посебен. Со ИДНИНАПРОМ монтажата на подните облоги е лесно, едноставно и без стрес за клиентот. Ние со внимание го третираме секој ваш проект, без разлика дали е голем или мал. При тоа обраќаме големо внимание на вашите рокови и планиран буџет.

За тоа имаме професионален и едуциран кадар кој професионално ќе одговори на вашите барања.

Даваме гаранција за изведените работи. 

Нашето мото е КРЕАТИВНОСТ, УНИКАТНОСТ и ТРАЈНОСТ.

Во измнативе години Иднинапром израсна во една од најкредибилните компании во областа на подни облоги во Македонија. Тоа се должи на навремената испорака и квалитетна изведба кај многубројни задоволни клиенти. ИДНИНАПРОМ располага со сопствен изложбен салон со канцеларии, како и посебен магацински проостор во кој во секое време има залиха од околу 10.000 m² различни подни облоги.

Сето тоа ни овозможува за навремено и квалитетно завршување на превземените обврски и справување со сите предизвици на Вашиот проект.

image
image
image
image