
Често поставувани прашања
Добредојдовте во нашиот центар за поддршка на клиенти. Како директни увозници и инсталатери со повеќе од 35 години искуство, знаеме дека изборот на вистинскиот комерцијален под бара прецизни технички информации.
Подолу ви ги даваме одговорите на најчестите прашања поврзани со нашите проиводи и услуги, со цел да ви помогнеме да донесете брза и сигурна одлука.
Одговор: Да, ПВЦ подните облоги на Fatrafloor се погодни за употреба со подно греење. Благодарение на добрата топлинска спроводливост, ефикасно ја пренесуваат топлината во просторијата.
Одговор: Хомогените ПВЦ подови се еднослојни, исклучително отпорни на абење и се идеални за болници, ординации и јавни установи поради лесното чистење и високата хигиена. Хетерогените подови се повеќеслојни, нудат поголем избор на дизајни (дрво, камен) и се одличен избор за комерцијални канцеларии, училишта и продажни салони.
Одговор: Да, подлогата мора да биде совршено рамна, цврста и мазна пред поставувањето. Сите неправилностите се корегираат со олма масата, која осигурува дека подот е правилно поставен и ќе трае долго време.
Одговор: Тоа се специјални ПВЦ или подигнати подови кои го спречуваат создавањето на статички електрицитет. Тие се законски задолжителни за рендген соби, оперативни сали, сервер соби, ИТ лаборатории и погони за електроника, каде и најмала искра може да ја оштети скапата опрема или да загрози човечки живот.
Одговор: Подигнатите подови се стандард за модерни деловни простории, сервер соби, дата-центри и ИТ компании. Нивната главна предност е што овозможуваат сите кабли, инсталации и климатизација да бидат скриени под подот, нудејќи лесен и брз пристап до нив во секое време за сервис или надградба.
Одговор: Да. Сите материјали што ги увезуваме поседуваат европски сертификати за квалитет, противпожарна заштита (класа Bfl-s1), антибактериски својства и еколошки стандарди (Low VOC). Овие сертификати се комплетно валидни и подготвени за технички прием на секој комерцијален објект.
Ќе ве контактираме во што е можно пократко време.
Ќе ве контактираме во што е можно пократко време.