
Трајноста материјалите и безбедноста за здравјето е главен приоритет на Fatrafloor винилните подни облоги.
Fatrafloor Хетерогените ПВЦ подни облоги доаѓаат во ролни и имаат широка палета на модерни дезени (камен, бетон или дрво) со рустикална завршна обработка. Тие се карактеризираат со: атрактивен изглед, висока отпорност на истрошување и абразија, противклизност, обработени се со завршна антибактериска ПУР заштита која обезбедува и лесно одржување.
Fatrafloor Хомогените ПВЦ подни облоги се специјални ПВЦ подни облоги кои покрај високата отпорност на истрошување и абразија имаат и електростатски карактеристики (ESD подови). Можат да бидат во ролна или плочи. Доаѓаат во повеќе еднобојни или шарени дезени. Посебна примена наоѓаат во медицината, електроиндустријата, компјутерската технологија.
Сите материјали се со гарантиран квалитет за монтажа на објекти со подно греење.